Самовозечки Tesla Model S удри во руски робот во Лас Вегас

од desk2
162 прегледи

Инцидентот се случи во Лас Вегас за време на саемот 2019 Consumer Electronics Show (CES).

Автомобилот на Tesla Model S, додека бил во самовозечки начин на управување, го прегазил рускиот робот Promobot кој застранил од неговата рута и застанал на паркингот.

На YouTube беше објавено видео на кое се гледа инцидентот, а во описот на видеото пишува: „6 јануари, 2019. Самовозечки автомобил удри и уништи автономен Promobot модел v4 во сообраќајна несреќа на адреса 3000 Парадајс Роуд, Лас Вегас“.

Автомобилот на Tesla се движел самовозечки, но внатре имало набљудувач. По ударот, автомобилот продолжува напред и застанува по 50-тина метри.

Рускиот робот работел како консултант на саемот каде ги пречекувал заинтересираните гости, им ги објаснувал производите и услугите и им давал насоки.

Некои интернет корисници велат дека објавата на видеото е маркетиншки трик за да се зголеми продажбата на роботот.

Од Tesla уште немааат излезено со официјален коментар за инцидентот.

Слични содржини