Откако беа претставени телефоните од серијата Galaxy S10, денеска Samsung претстави сосем нова линија на телефони наречена Galaxy A. Се работи за два нови смартфони со бројни надградби и подобрувања во однос на останатиот дел од уредите на компанијата.

Смартфоните A30 и A50 нудат подобрувања на најважните функции на уредите, вклучувајќи ги корисничкото искуство, екранот, долготрајните перформанси и камерата која го „црта“ светот онака како што го гледаат вашите очи.
„Посветени сме на тоа да им пружиме на корисниците што подобро мобилно искуство, а иновациите започнуваат со надградената серија Galaxy A. Луѓето го менуваат начинот на кој се поврзуваат, а нивните телефони мора да ги следат во чекор“, изјави Ди Џеј Кох, претседател и извршен директор на одделот за IT и мобилни комуникации на Samsung Electronics.
Со серијата Galaxy A, корисниците без проблеми ќе можат да го испробаат екосистемот на Galaxy користејќи услуги како Samsung Health, Samsung Pay, Bixby и многу други.
Камерата на моделот Galaxy A50 со системот од три камери ќе ви го покаже светот онака како што го гледате вие, бидејќи е дизајниран да го имитира она што го гледа на ист начин како и човечкото око. Главната камера е идеална за фотографии и видеа на дневна светлина и таа доаѓа во пакување од 25 мегапиксели.
Од друга страна, моделот A30 е дизајниран за оние кои се постојано во движење, бидејќи носи многу моќна батерија од 4.000 mAh. Екранот Super AMOLED Infinity-U од 6,4 инчи е наменет за корисниците кои уживаат во гледање видеа, филмови и играње видеоигри, а едноставниот пристап на отклучување на телефонот може само да го збогати корисничкото искуство.