Samsung ја зголемува предноста пред Apple кај смартфоните. Ова го покажуваат податоците на аналитичката компанија IDC за испораките на телефони во вториот квартал на годината, пишува интернет изданието Venture Beat.

zx450y250_2802947

За периодот Samsung регистрираше 77 милиони продажби на телефони. Тоа е со 5.5% повеќе во однос на минатата година. Пазарниот удел на компанијата пак достигнува 22.4%.

За истиот период Apple има продадено 40.4 милиони телефони. Тоа е со цели 15% помалку во однос на една година порано. Пазарниот удел на компанијата паѓа со 2.1% и веќе е 11,8%.

На трето место се наоѓа Huawei со 32.1 милиони продажби и удел од 9,4%. Вкупно растот на компанијата е 8,4%.

Најимпресивно претставување има OPPO која се измести на четвртото место.
Компанијата запишала 22.6 милиони продажби, што е со 136.6% повеќе во однос на минатата година. Стабилен раст од 80.2% регистрира и Vivo со 16,4 милиони телефонi.

Двете компании gi префрлаат Lenovo и Xiaomi во топ 5. Ова е јасен показател за созревањето на пазарот на смартфони во Кина, каде OPPO и vivo се доста популарни.

Генерално испораките на нови мобилни телефони, остануваат непроменети за последователен квартал и веќе го достигнаа својот врв. Вкупно беа доставени 343.3 милиони телефони, што е само со 0,3% повеќе во однос на истиот период минатата година.

Слични содржини