SamMobile Samsung има склучено договор за снабдување на сензори за отпечатоци, вградени во
дисплејот, за идните модели на А-серијата. Модулите ќе бидат произведени од кинеската компанија
Aegis Technology, која е партнер на голем број локални производители на смартфони.

Изборот на Aegis Technology значи дека моделите од A-серијата ќе вклучуваат оптички сензори за
отпечатоци, а попрецизната и посигурна опција со ултразвук, барем во оваа фаза, очигледно ќе
остане само за предводниците од S-серијата.
Во моментов, се уште нема јасност какви точно модели од A-серијата ќе видиме во следните
месеци. По традиција, Samsung ги претставува новите предлози од средната класа пред оние во Sсеријата,
па веројатно нема да има потреба да чекаме долго.