Samsung потврди: Премиерата на Galaxy Note10 ќе биде на 7-ми август (ВИДЕО)

од Vlatko K
164 прегледи

Неодамна се појави информација дека претставувањето на Galaxy Note10 ќе биде на 7 август, но се
уште имаше веројатност Samsung да ги промени плановите. Тоа сепак не се случи, бидејќи
Корејската компанија потврди дека на 7 август во Њујорк ќе организира еден од своите Unpacked
настани, што секако ќе биде посветен на новиот фаблет.


Во поканата се вели дека тогаш ќе бидат претставени нови уреди кои ќе ги прошират можностите
за комуникација на екосистемот Galaxy.

Видеото кон поканата содржи само S Pen и една камера и јасно насочува кон линијата Galaxy Note.
Камерата најверојатно е навестување на единечната селфи камерата на Galaxy Note10, која ќе биде
вградена во екранот.

Очекуваме на 7 август да видиме барем три телефони – Note10, Note10 + и Note10 + 5G, а освен тоа
може да биде објавена и нова верзија на часовникот Galaxy Active.

Слични содржини