Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер денеска го заврши сведочењето во постапката против него што се води за „случајот Фими медиа“, изјавувајќи дека е невин и оти треба да биде ослободен.
Тој исто така наведе и оти неговата партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ) не е виновна.
– Сметам дека сум невин и дека и партијата е невина. Јас не сакам да зборувам од аспект на политиката на партијата, но Ве уверувам дека јас како нејзин втор претседател сметам дека партијата заслужи целосно друг третман, а не са се влечи 10 години по обвинителни клупи, посочи Санадер.
Тоа е повторено судење на Санадер за извлекување на повеќе од 70 милиони куни (околу 9,5 милиони евра) од државните институции и фирми преку агенцијата за маркетинг „Фими медиа“. Меѓу обвинетите е и владејачката партија ХДЗ, во чиј црн фонд наводно се слевале дел од парите.
На првото судење во 2013 година неправосилно се осудени, но пресудата беше укината од хрватскиот Врховен суд во 2015 година. Судењето повторно почна во 2016 година, но беше прекинато поради болест на сопственичката на „Фими медиа“, Невенка Јурак.
Санадер веќе издржува затворска казна за случајот „Плинска“.