Санчес доби мандат за формирање влада, се уште бара партнери за неа

од Aleksandar Petrovski
270 прегледи

Шпанскиот крал Фелипе VI синоќа му го даде мандатот на лидерот на Социјалистичката партија Педро Санчес за да направи обид да формира било каква влада, иако тој се уште нема доволна поддршка од другите партии.

Социјалистичката партија освои најмногу гласови на изборите и има 120 од вкупно 350 места во парламентот.

Санчес сега преговара со ривалските партии за евентуално да ја добие нивната поддршка.

Тој веќе има договор со левичарите од партијата Обединети која има 35 пратеници, но тоа не му е доволно за парламентарно мнозинство.

Шпанија за четири години имаше четири изборни циклуси, а ако ниту една партија не успее да формира влада, новите избори можат да се оддржат веќе следната пролет, навдуваат американските медиуми.

Слични содржини