Санчез идната недела во Скопје

од Vladimir Zorba

Шпанскиот премиер Педро Санчез на крајот на неделата ќе ја започне турнејата низ Западен Балкан, при што ќе ја посети и С.Македонија.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Санчез е во посета на Западен Балкан со надеж дека ќе го „реактивира, заживи и ревитализира процесот на проширување“ на ЕУ кон овој регион.

Од 29 јули до 1 август Санчез ќе ги посети Скопје, Белград, Сараево и Мостар, Подгорица и Тирана, пишуваат медиумите.

На состанокот на лидерите на ЕУ на крајот на јуни во Брисел, Санчез се заложи за повторно активирање, заживување и ревитализација на процесот на проширување.

Слични содржини