Сандерс: Катастрофата во Газа не може да продолжи, светот мора да дејствува

од Vladimir Zorba

Американскиот сенатор Берни Сандерс од Вермонт денеска изјави дека катастрофата во Појасот Газа не може да продолжи и дека светот мора да дејствува за да ги спаси животите на невините луѓе.

„Катастрофата во Газа не може да продолжи. Светот мора да дејствува за да спаси невини животи. Но, како што е важна хуманитарната помош, подеднакво е важно да се изгради пат кон решение за две држави и демократска Палестина“, напиша Сандерс на социјалната мрежа X (Твитер).

Тој посочи дека насилството и на Западниот Брег е во пораст и покрај тоа што сега вниманието е насочено кон кризата во Газа.

Слични содржини