Санирана големата дупка кај мостот во Драчево

од Берта Китинска

Дупката кај мостот во Драчево за која информираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов е санирана.

-Во текот на изминатиот ден екипите на ЈП Улици и патишта интензивно работеа на санирање на оштетувањето што од неодамна се појави на мостот на Маркова Река во Драчево.
Градежните работи и асфалтирањето беа извршени во најкус можен рок и мостот денес од 13часот е биде пуштен во употреба, информираа од Јавното Претпријатие „Улици и патишта“.

Слични содржини