Санирани заштитните столбови кои се уништени од несовесни возачи

од desk2
170 прегледи

Екипите на ЈП Улици и патишта, денеска ги санираа заштитните столбови на градските улици кои се уништени од несовесни возачи, како и заштитната ограда на кружниот тек кај Католичка црква на „Митрополит Теодосиј Гологанов“.

Со цел да се одржи безбедноста на минувачите,во текот на денешниот ден санирани се столпчињата на булеварот „Партизански одреди“, „Метрополит Теодисиј Гологанов“ и улица „Васил Главинов“.

Санацијата на столпчињата и заштитните огради на коловозите ќе продолжи и во текот на наредните денови на сите градски сообраќајници каде што ќе има потреба.

Слични содржини