Санкции за 149 возачи во Скопје, дел од нив возеле во пијана состојба

од Nikola Popovski
107 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се 12 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за користење мобилен телефон…

МВР информира дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и сите заедно да придонесеме за посигурни патишта.