Санкции за 92 возачи од Скопје, 13 од нив за минување на црвено светло

од Nikola Popovski
98 прегледи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (08.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 92 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возење под дејство на алкохол…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопштија од МВР.