Санкции за 23 пешаци во Скопје

од Nikola Popovski

Полицијата информира дека во последните 24 часа, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 184 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 39 санкции.

„23 прекршоци што ги чинат пешаците, 14 за возење без возачка дозвола, 12 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли. Изречени се осум санкции за користење мобилен телефон, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, осум за возење под дејство на алкохол, шест за непрописно престигнување и обиколување, 45 за непрописно паркирање“, велат од МВР.

Од таму упатуваат апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

 

Слични содржини