На територијата на град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40, 14 за возење без возачка дозвола, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила, информираат од МВР.
Изречени се 13 мерки за користење мобилен телефон, осум за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 72 за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.