Санкции за 57 возачи кои пребрзо возеле на територија на Скопје

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 275 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 57 санкции, 24 за возење без возачка дозвола, 31 прекршок што ги чинат возачите на мотоцикли.

„Исто така изречени се 17 санкции за користење мобилен телефон, 16 за возење под дејство на алкохол, девет за возач почетник, пет за некористење сигурносен појас, пет за минување на затворен сигнал(црвено светло), 64 санкции за непрописно паркирање“, информира портпаролот на МВР.

Од таму додаваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од полицијата.

 

Слични содржини