Санкции за несовесно возење: Се движел со 203 километри на час!

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при акциска контрола на територијата на земјава, биле санкционирани се 200 возачи, кои возеле со брзина поголема од дозволената. Еден од фатените возачи возел со неверојатни 203 километри на час, додека друг бил санкциониран затоа што возел со 164 километри на час.

-31 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, соопшти МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Слични содржини