Санкционирани 188 мотоциклисти

од Берта Китинска
364 прегледи

Во текот на вчерашниот ден (27.06.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли, при што се санкционирани вкупно 188 мотоциклисти.

Од нив, 36 возачи управувале мотоцикл без да поседуваат возачка дозвола, односно потврда за положен возачки испит, три мотоцикли биле нерегистрирани, 129 мерки се преземени за неносење заштитна кацига, а 42 мотоцикли се исклучени од сообраќај. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Скопје – 43, потоа на територијата на СВР Битола – 30 и по 27 на териториите на СВР Куманово и СВР Охрид, 25 на територијата на СВР Велес итн.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

 

Слични содржини