Сантош: Кристијано има минимум уште 3-4 години на високо ниво

од Vlatko K
156 прегледи

Селекторот на португалскиот национален тим, Фернандо Сантош даде поддршка за Кристијано
Роналдо и смета дека има уште 3-4 години минимум фудбал на највисоко ниво.


„Тој се докажа во текот на годините. Му давам уште три-четири години минимум. Тој е опседнат од
мислата да ги постигне своите цели. Здрав е и тренира исклучително цврсто, колку што може да
издржи“, изјави Сантош пред финалето на турнирот на Лигата на нациите меѓу Португалија и
Холандија во неделата вечер.

Ѕвездата на Јувентус – Роналдо, сака да освои уште титули со португалската репрезентација.
„Огромна гордост е да го носам дресот на националниот тим. Тоа е чест и чувството е навистина
различно во споредба со учество на клубско ниво. Португалија е нашата земја. Семејството ми е
португалско, моите пријатели, исто така. Многу специјално е да играм за Португалија, бидејќи
пораснав во земјата. Шансата да се бориме за трофеј е нешто исклучително важно. Така е и сега“,
изјави Роналдо, кој ги изведе Португалците до титулата на ЕП 2016.