424
Сара Џесика Паркер ја воодушеви македонската јавност со нејзината препорака за филмот „Медена земја“. Во описот на фотографијата на Инстаграм, таа напиша дека се работи за филм од Македонија, кој го опиша како прекрасен, визуелно совршен и епски.
Но, по низата политички дискусии под објавата, особено оние дека земјата сега се вика Република Северна Македонија, таа го промени описот на фотографијата, дообјасни дека не зазема политичка страна и забрани натамошно коментирање.
„Целта ми беше да насочам што повеќе публика кон овој извонреден документарец. Не заземам политичка страна“, објаснила актерката.