Сара Џесика Паркер со емотивна објава ја одбележа годишнината од бракот

од Stefanija Kuzmanovska

Сара Џесика Паркер прославува 26 години брак со Метју Бродерик. Хероината од актуелната серија „And Just Like That…“ (58), во симпатична објава на Инстаграм сподели неколку детали за тоа како ја прославила годишнината со својот партнер.

„Среќна 26-годишнина сопругу“, напиша Паркер под објавата. „Тоа беше прекрасна прослава и навистина убаво шише шампањ. И фантастична прошетка до дома“.

„Ох, колку милји поминавме заедно“, продолжи таа. „Те сакам. Твојата Сара Џесика“.

Заедно со пораката, таа сподели и фотографија од тапата од шампањот кој ги пиеле.

Парот инаку има три деца: синот Џејмс Вилки (20) и ќерките близначки Табита Хоџ и Марион Лорета Елвел (13).

Слични содржини