Во „Клик Плус“ на ТВ21 специјалниот преставник на Западен Балкан за Германија Мануел Сарацин, коментираше за уставните измени, кои се услов за земјата да го продолжи патот кон Европската Унија.
Сарацин кажа дека Северна Македонија не треба повеќе да губи време, а за гласањето за уставни измени, кажа дека не е негова работа да оценува.
„Сметаме дека на маса има европски договор и дека мора да се прифати или да се гласа против. Но, нема да има други зделки на маса. Не сакаме вака Северна Македонија да стигне таму и да ни се придружи, не на ваков начин дека предусловите поставени од ЕУ, од 27 држави, едногласно се согласија, тие ќе се менуваат и менуваат повторно, лесно. Колку пратеници ќе гласаат за уставни измени и како, не е моја работа да оценувам.