Сашко Митовски повторно кандидат: Крива Паланка се менува – големи проекти и иднина во ЕУ!

од Марта Пешевска
32 прегледи

Актуелниот градоначалник на Крива Паланка, Сашко Митовски, е официјален кандидат на СДСМ за нов мандат, најави лидерот на партијата Венко Филипче на трибината во Крива Паланка. Филипче го пофали Митовски за големите промени што ги направи во општината во последните години.

Митовски потенцираше дека Крива Паланка се развива како модерен и зелен град, со значајни инвестиции во инфраструктура, детски игралишта, училишта и социјална заштита. Во изминатите 3,5 години се обновени повеќе од 50 улици, направен е нов урбанистички план, и се реализирани проекти што го подобруваат животот на граѓаните.

Тој посочи дека најголемите регионални проекти, како експресниот пат Ранковце – Крива Паланка и рехабилитацијата на патишта, се важни за развојот на целиот регион. Митовски ги повика граѓаните на единство и да го поддржат продолжувањето на развојот, без простор за грешки.

Пратеникот Љупчо Николовски нагласи дека Крива Паланка повторно ќе биде почетна точка на победата за СДСМ и за иднината во ЕУ. Тој истакна дека ЕУ е единствениот пат за напредок и стабилност, и повика на поддршка за продолжување на реформите.

Професорот Јордан Михајловски додаде дека Крива Паланка има важна улога во историјата на социјалдемократијата и македонската држава, нагласувајќи ги вредностите на слобода, солидарност и правда кои ги негуваат.

Сите учесници порачаа дека иднината на Крива Паланка е во стабилноста, развојот и обединувањето на граѓаните.

Слични содржини