Сашо Мијалков ја тужи државата во Стразбур за притворот

од Берта Китинска

Екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков, ја тужи државата во Судот за човекови права во Стразбур, за мерката притвор која му била одредувана во 2018 и 2019 година, за неколку предмети покренати од СЈО.
Поточно, го оспорува притворот одреден за време на истрагата за случајот „Империја“, за „Таргет и Тврдина“ и за „Титаник 2“, објави Фокус.

Во апликацијата се наведуваат податоци за изрекувањето и времетраењето на притворот за секој од предметите, па така се потенцира дека во ноември 2018 година му бил одреден притвор за случајот „Империја“, поради ризик од бегство. На 1 декември притворот му бил укинат, но потоа му бил одреден нов за случајот „Таргет и Тврдина“, исто така поради ризик од бегство.

-На 29 декември 2018 година, Основниот суд Скопје донесе одлука со која му се определува куќен притвор на жалителот поради ризик од бегство. Куќниот притвор беше продолжен на 25 јануари и 26 и 28 февруари 2019 година. На 1 февруари 2019 година жалителот побарал да му се укине куќниот притвор, што барањето беше одбиено од Основниот суд Скопје на 1 април 2019 година. На 27 март 2019 година, по жалбата на жалителот, Врховниот суд ја поништи наредбата за куќен притвор и го ослободи жалителот од притвор, пишува во апликацијата.

Слични содржини