Сашо Тасевски нов директор на БЈБ

од Vlatko K
245 прегледи

Сашо Тасевски е назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност, објави Press24.  Порталот се повикува на високи извори во МВР. Одлуката се очекува утре да помине на седница на Владата.

Тасевски кој во јавноста стана познат како полицискиот службеник од обезбедувањето на премиерот кој извади огнено оружје и пукаше во инцидентите во Собранието на 27 април доаѓа на местото на разрешениот Лазо Велковски кој беше сменет  во аферата со превозот на неговата ќерка со полициско возило до Грција.

Сашо Тасевски е магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност во Идризово. Од 2001 година има работено кај претседателот на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

На почетокот на кариерата бил припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“. Има посетувано курс за обезбедување ВИП личности во САД, во 2004 година.