Сасоли: Очигледно Кремљ не ме сака, заканите нема да ме замолчат

од Vladimir Zorba
286 прегледи

Шефот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, кому Русија му изрече санкции и му забрани влез во земјата, изјави дека „тоа нема да го спречи да се бори за човекови права“.

„Очигледно Кремљ не ме сака. Јас го очекував тоа. Ниту една санкција или заплашување нема да го спречи Европскиот парламент или мене лично да ги браниме човековите права, слободи, демократија. Заканите нема да не замолчат“, рече тој.

Сасоли го цитираше и Лав Толстој од романот „Војна и мир“, велејќи дека „нема величина каде што нема (едноставност, добрина и) правда“.

По повод неговата реакција, зборуваше портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова и на социјалните мрежи кратко напиша: „Под едно – ниту нас. Под две – зарем се заканивме?“.

Да потсетиме, Министерството за надворешни работи на Русија објави дека Русија забрани влез во земјата за осум граѓани на земјите од Европската унија и претставници на нејзините официјални структури како одговор на санкциите.

Во руската „црна листа“ се наоѓаат, меѓу другите, претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, шефот на обвинителството во Берлин, Јорг Раупах и заменик-претседателот на Европската комисија, Вера Јурова.

Слични содржини