Заев за Сасоли: Голема тага, беше голем пријател на С. Македонија

од Nikola Popovski

Премиерот во заминување, Зоран Заев информира дека со голема тага ја примил веста за смртта на Претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли.

Како голем поддржувач на европската идеја, нè поврза силното пријателство во споделување на највисоките европски вредности. Беше голем пријател на Северна Македонија и на нејзиниот народ и се залагаше ЕУ веднаш да ги исполни ветувањата за почеток на преговори со нашата земја. Нека почива во мир, објави Заев на Фејсбук.

Сасоли повеќе од две недели беше во тешка здравствена состојба, поради што беа откажани официјалните активности.

Тој беше примен во болница во Стразбур во септември со сериозен случај на пневмонија, но продолжи со политичките обврски во ноември.

Слични содржини