Саудиска Арабија: Само имунизираните ќе можат на аџилак во Мека за Рамазан

Само на луѓето кои се имунизирани ќе им биде дозволено да одат на обредот, мал аџилак во Мека за време на муслиманскиот месец на пост Рамазан, објавија властите на Саудиска Арабија.

Министерството за Хаџ во изјавата наведува дека лицата кои примиле две дози вакцина против коронавирус, лицата кои примиле само една доза најмалку 14 дена порано и оние кои се опоравиле од коронавирусот ќе се сметаат за имунизирани, пренесува Гардијан.

Во Саудиска Арабија, која има околу 34 милиони жители, досега се потврдени повеќе од 390.000 случаи на коронавирус, а 6.700 луѓе починаа како резултат на инфекцијата.

Дадени се повеќе од пет милиони дози вакцина против коронавирус во земјата.

Слични содржини