Саудиска Арабија: Смртна казна за 15 лица поради шпионажа за Иран

од desk3
108 прегледи

Судот во Саудиска Арабија осуди денеска 15 лица со смртна казна поради шпионажа за Иран, јави телевизијата „Ал-Арабија“.

download

Тие се дел од групата од 32 лица кои се упасени во 2013 година поради обвинение за шпионирање за Иран.

Судењето на групата, која е составена од 30 шиитски муслимани и по еден Иранец и Авганистанец, започна во февруари.

Се уште не се знае исходот од судењето на останатите 17 осомничени./MIA