Саудискиот престолонаследник обвинет за испраќање убијци во Канада

од Vladimir Zorba

Саудискиот престолонаследник, Мохамед бин Салман е обвинет за испраќање на убијци во Канада за убиство на поранешен саудиски разузнавач, јавува Би-Би-Си.

Џабри (61), долгогодишен официјален претставник на саудиската влада, ја напушти земјата пред три години. Оттогаш живее во Торонто под приватна заштита.

Обидот за атентат не успеал откако канадската гранична полиција откри тим убијци кога се обиделе да влезат во земјата на меѓународниот аеродром Торонто.

Џабри со години е клучен контакт за британскиот МИ6 и другите западни шпионски агенции во Саудиска Арабија.

Судската постапка, поднесена во Вашингтон, го товари принцот Салман дека сакал да го убие за да го замолчи. Џабри вели дека причината е што тој поседува инкриминирачки информации.

Според судските документи, станува збор за наводна корупција и контрола на тим лични убијци познати како „Одред тигар“.

Членовите на тој одред учествуваа во атентатот на Кашогиги во 2018 година во саудискиот конзулат во Истанбул.

Слични содржини