Покрај тоа што се намалува крвниот притисок и на тој начин штити од кардиоваскуларни болести, престојот во сауна помага и во борбата против деменција и Алцхајмерова болест.
Така барем тврдат научниците од Универзитетот во Финска, цитирани од Reuters. Специјалистите утврдиле поврзаност помеѓу редовното посетување во сауна и болестите на меморијата.
Научниците направиле истражување врз 2300 средовечни мажи повеќе од 20 години.
Резултатите од долгогодишното истражување покажуваат дека веројатноста да се разболат од деменција била со 66 проценти помала за мажите кои посетувале сауна од четири до седум пати неделно од оние кои стапнувале во сауна еднаш неделно, и со 65 проценти помала за Алцхајмерова болест .
Според научниците сауната е корисна првенствено за срцето и оттаму користа се префрла врз мозокот.