Саутемптон доби сопственик од Србија!

од Vladimir Zorba

Фудбалскиот клуб Саутемптон ќе добие нов сопственик – компанијата „Sport Republic“, чиј главен инвеститор е Драган Шолак, основачот на „Јунајтед Груп“, во чии рамки работи и регионалната телевизија „Спорт клуб“, пренесе „Скај“.

На тој начин, „Sport Republic“, инвестициска компанија во областа на спортот и забавата, ќе го наследи сегашниот мнозински сопственик, Кинезот Гао Јишен, кој во 2017 година стана сопственик на 80 отсто од акциите на клубот.

Саутемптон, моментално 14-ти на табелата во Премиер лигата, веќе со месеци е во потрага по нов сопственик.

Слични содржини