92
Од ДИК информираат дека Народното движење за Македонија (НДМ) и Социјал- демократската партија на Македонија (СДПМ) поднеле тужби до Управниот суд поради тоа што Државната изборна комисија (ДИК) нивните листи ги отфрли со образложение дека содржат неправилности.
Од ДИК информираат дека тужбите се доставуваат до нив, а тие со целокупниот материјал, односно доказите зошто листите на партиите не биле прифатени ги доставуваат до Управниот суд.
Судот има рок од 24 часа да ги разгледа тужбите и да донесе решение за нив по што ќе го достави до Изборната комисија.