Договорот Фронтекс е потпишан во Скопје, на македонски јазик, без фусноти, во присуство на еврокомесарката Урсула фон дер Лајен и претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски. Потонаа сите бескрупулозни лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски дека македонскиот јазик ќе се брише, дека нема да се именува македонски, дека секогаш ќе има некаква фуснота или додавка, соопштија утрово од СДСМ.
-Граѓаните уште еднаш се уверија дека СДСМ ја пишува историјата, како веродостоен партнер кој ја носи државата на европски пат, се додава во сооопштението.
Владеачката партија потенцира дека „ВМРО-ДПМНЕ останува антиевропска партија, која се обидува со лаги и манипулации да всее страв и несигурност, да ја поткопа довербата во институциите и вербата во Европа“.
Европската унија (ЕУ) и Северна Македонија во средата го потпишаа договорот за соработка во управувањето со границите, Фронтекс.
Договорот беше потпишам министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, како и амбасадорот на Чешката Република, Јарослав Лудва.
Премиерот Ковачевски истакна дека благодарение на договорот е можно заеднички да се делува против заканите како што е илегалната имиграција.