Премиерот Димитар Ковачевски вечерва ја коментираше вчерашната одлука на Апелација за укинување на пресудата за случајот „Таргет-тврдина“ и враќање на предметот на повторно судење.
-Погледнете што ни се случи вчера. Тоа беше тешко да се проголта и јас сум навистина разочаран. Ден на пораз на правната држава и уште еден доказ на граѓаните во ниската доверба во правосудните органи. Судството мора да најде начин да е поефикасно и да сработи многу подобро и побрзо во интерес на правдата и граѓаните. Јас секогаш кажувам – судстовто е независно и нема да се мешам во ниту еден судски процес. Судницата не е место за решавање на политички проблеми. Ако некој се плаши од враќање на стариот режим – одговорот лежи на избори. Затоа СДСМ ќе ги вложи сите напори да победи на следните избори во 2024 година и да ги спречи учениците на Никола Груевски да се вратат на власт и да ја заробат повторно државата, рече Ковачевски на националната партиска трибина на СДСМ во Скопје.