СДСМ: 12% поголеми плати во образованието, продолжува покачувањето на платите

од Берта Китинска
167 прегледи

СДСМ продолжува со политиката на покачување на платите и вреднувањето на трудот на работниците, но само преку дијалог меѓу засегнатите чинители, велат од владејачката партија.

Оттаму посочуваат дека само преку социјален дијалог може да се дојде до решение е постигнатата согласност меѓу Владата и СОНК за зголемување на платите во градинките, основното и средното образование, за 12 отсто.

-Покачувањето согласно ова усогласување треба да се реализира, со ребалансот на буџетот.За жал, штета поради штрајкот на СОНК претпреа учениците, губејќи две недели настава, и дополнително ќе се утврди како соодветно да се надомести.СДСМ секогаш била и ќе биде на страната на работниците и во изминатиот период ги покачи платите во образованието за 21 отсто, посочуваат од СДСМ.