Речиси 13.000 лица кои останале без работа поради стечај, ликвидација и како технолошки вишок во претпријатијата во доминантна сопственост на државата, сега добиваат месечен надоместок од 9.242 денари до пензионирање или до вработување, стои во соопштението на СДСМ.
-СДСМ од 2017 година во неколку наврати го решаваше статусот на стечајците, а со последните измени и дополнувања на законот, уште 1.100 лица стекнаа право на материјално обезбедување, во висина од 34% од просечна плата по работник во претходната година.
Со ова исполнуваме уште едно предизборно ветување и исправаме децениска неправда нанесена кон нашите сограѓани кои не по своја вина останале без работа.Владата предводена од СДСМ смета дека е неопходно да се инвестира во нашите сограѓани кои својот век го дале за татковината, а не во споменици и стиропорни фасади како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ.
Разликата е јасна: СДСМ се грижи за сите граѓани и ги враќа парите назад кај нив, а ВМРО-ДПМНЕ се грижи само за обнова на режимот и колку повеќе да земе од нив.Продолжуваме и понатаму да креираме и реализираме мерки и политики кои обезбедуваат достоинствени услови за живот на ранливите категории, за подобрување на животниот стандард на сите граѓани, соопштија од партијата.