СДСМ: 790 милиони денари се враќаат кај граѓаните, се повеќе се бараат фискални сметки

од Nikola Popovski
150 прегледи

Почна исплатата на средствата од МојДДВ за третото тромесечје од 2023 година. На сметките на речиси половина милион граѓани легнуваат вкупно 790 милиони денари, порачаа од СДСМ, потенцирајќи дека со проектот МојДДВ за над четири години на сметките на граѓаните се вратени безмалку 120 милиони евра.

Освен дополнителниот приход за корисниците, велат од партијата, оваа мерка има и позитивен ефект во намалувањето на сивата економија, бидејќи се повеќе граѓани бараат фискални сметки.

Од јануари 2023 година се зголеми прагот на враќање на дел од ДДВ-то изразено во фискалните сметки, од 1.800 денари за едно тромесечје, на 2.100 денари, односно 8.400 денари годишно по корисник, а може да се очекува износот за поврат преку МојДДВ да расте и понатаму, стои во партиското соопштение на СДСМ.

Доколку во едно семејство има двајца корисници на оваа мерка, тоа се 16.800 денари во семејниот буџет во текот на една година.

Слични содржини