СДСМ: Ако може без око да и трепне да прави милионски долгови, јасно е како Арсовска ќе се однесува и со парите на граѓаните

од Nikola Popovski
327 прегледи

За владеачката СДСМ, „независната кандидатка Данела Арсовска на ВМРО-ДПМНЕ два дена бега од одговори во јавноста откако беше фатена жива во голем скандал каде како управител на нејзините фирми направила долг од 54.000 евра за неплатена струја и салата Расадник ја оставила во руинирана состојба“.

Според нив, „ако може без око да и трепне да прави милионски долгови, јасно е како ден дека исто ќе се однесува и со парите на граѓаните, со буџетот на Град Скопје“.

-Тоа е препознатливиот печат на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, нечесно однесување и бегање од одговорност. Тоа е препознатливиот печат на деструктивното ВМРО-ДПМНЕ кое 27 години го опустошуваше Скопје, стои во соопштението на СДСМ.

Пратеникот Дарко Каевски денеска го објави договорот што Данела Арсовска го потпишала на десетти јануари 2002 година за закуп на салата за месечна закупнина од 1.000 евра месечно плус ДДВ.

-Со членот 4 од договорот фирмата на Данела се обврзала да ја реновира кровната конструкција, да го смени паркетот на теренот, да ги реновира соблекувалните и да го уреди просторот околу салата.Овој договор почитувани има и Анекс со кој се надополнува членот четири каде се додаваат и хотел со 24 легла, пет терени за сквош, фитнес центар, отворен базен, помошни објекти и петнаесет бунгалови.Ништо од ова како што гледате не е направено, објаснува Каевски.