СДСМ: Амбасадорите на Чешка и Словачка ги соголеа срамните лаги на Николовски

од Берта Китинска
226 прегледи

Нема ден, а некоја лага на фејк-њуз ВМРО-ДПМНЕ да не биде демантирана од странски амбасади, од релевантни меѓународни организации, велат од СДСМ откако амбасадорите на Чешка и Словачка денеска, со јасни изјави кажаа дека се шират неточни информации дека одредени ентитети од С.Македонија влијаеле на донесувањето на одлуките на Прага и Братислава поврзани со процесите во самата ЕУ.

-Тие ги соголеа срамните и безобразни лаги на Александар Николовски.Чиста и бесрамна лага е дека ВМРО-ДПМНЕ издејствувала Чешка и Словачка, како членки на ЕУ да се спротивстават на блокадата на Бугарија.Уште една шлаканица за потврдените лажговци Мицкоски и Николовски, уште една потврда за ВМРО фејк њуз ДПМНЕ дека е извор на лажни вести, велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ е комплетна фек-њуз партија и дека не случајно бидејќи меѓународно е препознаена како главен извор на лажни вести и дезинформации, што е посочено и во студија на ЕУ.

-Мицкоски лажеше дека во Софија ни се распарчувала државата, Антонио Милошоски лажеше дека покрај Бугарија и други земји членки биле против евроинтеграциите на Северна Македонија, Николовски лажеше дека ВМРО-ДПМНЕ издејствувало реакција од Чешка и Словачка.Лага до лага, срам до срам на ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Мицкоски, велат од СДСМ.

Слични содржини