Објавените резултати од истражувањето на Меѓунардониот Републикански Институт не го прикажуваат реалното расположение на граѓаните сега. Анкетата е спроведена во месеците ноември и декември 2021 година, односно пред 4 месеци, соопштија од владеачката СДСМ за резултатите од анкетата на ИРИ.
Според партијата, вакви податоци од пред 4 месеци може да се каже дека немаат соодветна релевантност денеска односно се надвор од актуелниот политички контекст.
-Во периодот од изминатите 4 месеци, имаме сосема поикава политичка реалност, нова Влада којашто е избрана во јануари, со нов премиер, зголемено паралемнтарно мнозинство и многу други фактори кои се променети по ова истражување а силно влијаат на перцепциите. Оттука, цениме дека објавувањето на резултатите од анкетата создава погрешна перцепција кај граѓаните, како за рејтинзите на политичките партии така и во однос на другите теми и прашања од истражувањето, стои во партиското соопштение на СДСМ.
Прогнозите на ИРИ се дека ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 20% од граѓаните, а СДСМ кај 17%. ДУИ има доверба од 7%,Алијанса, Левица 4% колку што има и БЕСА.
Бидејќи анкетата е правена во ноември лани, рејтингот на актуелниот премиер не се тестирал. Најпопуларен е Заев со 9% поддршка, а по него следи Мицкоски со 8%.