Градоначалничката Данела Арсовска освен што покажува неспособност и незаинтересираност за проблемите на скопјани, не работи ништо.Наместо да менаџира единствено што го прави е да бара пари и помош од Владата, велат од СДСМ.
Оттаму додаваат дека и покрај тоа што Владата има обезбедено 70 милиони евра за превоз во Скопје, Арсовска бара пари од Владата за ЈСП.
-Бара пари за парно, а Владата обезбедува 80% од трошоците за актуелната цена на парното.Истовремено, додека бара пари Арсовска вработува 109 партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ.Арсовска нема пари за парно за скопјани, но издвојува 670.000 евра од парите на скопјани за вдомување партиски војници.На Арсовска не и се даваат 1 милион евра за парно, за скопјани да не добиваат повисоки сметки за парно, но затоа нема проблем да потроши 670.000 евра за вдомување на партиски кадри.Крајно време е Арсовска конечно да престане да бара оправдување за нејзината неспособност и да почне нешто да работи, посочуваат од СДСМ.