СДСМ: Арсовска да престане со оправдувања и да ја заврши Универзалната сала

од Nikola Popovski
179 прегледи

Данела Арсовска да престане да измислува оправдувања и да го заврши проект Универзална сала, која е важен и за целата држава, бараат од СДСМ.

Според владеачката партија, наместо реализација на проектот за кој Владата има дадено 2 милиони евра на Град Скопје, Арсовска се обидува со лага да ја оправда својата неработа.

-Градоначалничката на Скопје да не ги потценува граѓаните туку да почне да го работи она за што ја добила довербата – да реализира проекти во интерес на Градот, стои во партиското соопштение.