Поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за Данела Арсовска за градоначалник на Град Скопје е уште една потврда дека на Христијан Мицкоски му е јасно дека го чека пораз во главниот град на претстојните локални избори, вели Стефан Васев од СДСМ.
Тој смета дека Арсовска е кадар на Никола Груевски и е избрана од него, само за да го понесе поразот во Скопје.
-Очигледно дека никој друг од губитниците од ВМРО-ДПМНЕ не се нафатил на таков чекор.Наместо кандидатура со печат на ВМРО-ДПМНЕ, кадарот на Груевски, Арсовска, ќе се обиде да глуми граѓанска независност, но со потписи на партиските членови на ВМРО ДПМНЕ кои по партиска директива застанаа зад нејзината кандидатура, вели Васев.