СДСМ: Арсовска го намали буџетот за животна средина, на овој начин уште долго ќе нема чист воздух

од Берта Китинска
188 прегледи

Наместо да ги зголеми парите за животната средина, градоначалничката Данела Арсовска ги намалува и тоа за три пати помалку, велат од СДСМ.

-Ова е само една во низата погрешни одлуки на Данела со кои нанесува директна штета на скопјани.Арсовска во својата кампања ветуваше инвестиции во животната средина и борба против аерозагадувањето но граѓаните гледаат дека нема ништо од тоа.Со овој пристап на Арсовска, Скопје уште долго време ќе биде на врвот на најзагадени градови во светот, велат од партијата.