СДСМ: Арсовска не сработи ништо затоа што со месеци го барала споменикот на Ќосето

од Nikola Popovski
241 прегледи

Со месеци ништо не сработи градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска. Оправдувањето е дека со месеци Аровска го барала споменикот на Ќосето. Наместо проекти, наместо помош за граѓаните во време на криза, Арсовска на скопјани им ги нуди спомениците на Никола Груевски, вели Гордан Шутаров, генерален секретар на СДММ и советник во Советот на Град Скопје.

Шутаров посочува дека наместо проекти, наместо помош за граѓаните во време на криза, Арсовска на скопјани им ги нуди спомениците на Никола Груевски.

-Споменикот на Андон Јанев беше бесправно поставен и затоа беше отстранет. Поставувањето на споменикот пред зградата на судот беше сфатено како порака за партиска послушност на судиите на тогашната власт. Отстранувањето на споменикот и засадувањето на дрвото на негово место е симбол на почитување на законитоста, правдата и правичноста. Најавата за повторно поставување на споменикот на Ќосето е продолжување на матрицата на Никола Груевски и режимската ВМРО-ДПМНЕ и ништо друго, нагласи Шутаров.

Градоначалничката Данела Арсовска синоќа во интервју најави дека е можен референдум за враќање на споменикот на Андон Јанев Лазов – Ќосето.

-Ќосето долго време го баравме и успеавме да го детектираме. Ќе ги прашаме граѓаните. Што се однесува до мене како градоначалник, многу ме интересираше, два месеци го баравме, но успеавме да го најдеме. Многу често ми беше поставувано ова прашање и во предизборната кампања, рече Арсовска за „Инфомакс“.

Слични содржини