1,5K
Нервозните реакции на кандидатката на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска не можат да со сокријат фактот дека таа пред 10 години добила бугарско државјанство, а пред четири години добила и бугарска лична карта и сето тоа го криела од јавноста, велат од СДСМ како реакција на денешната изјава на кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска.
Според владеачката партија, тоа што има Арсовска е нејзино право, туку спорно е што крие од граѓаните и ги потценува.
-Бадијала се лути Даниела или Данела и спомнува некаков алманах, поголем доказ за идентитет од лична карта нема. Од вистината никој не побегнал. Ваков потценувачки однос, вакви подметнувања не проаѓаат кај граѓаните на Скопје, додаваат од СДСМ.