СДСМ бара Антикорупциската комисија да го истражи скандалот „кумска врска“ во општина Штип за тендер за ЈП Исар вреден 20.000 евра.
Според партијата на власт, општина Штип, предводена од ДПМНЕ и градоначалникот Јорданов ја тресе скандал со кумско-семејна врска за тендерот, кој го има добиено фирма на чиишто сопственици зет за ќерка им е лицето Методи Јорданов, кумашин на градоначалникот Иван Јорданов.
-За сомнежот да е уште поголем, лицето Методи Јорданов е член и на Управниот одбор на претпријатието ЈП “Исар” коешто ги доделува тендерот, велат од „Бихаќка“.
-Како тоа тендери од илјадници евра завршуваат кај кумашини, секогаш кога ДПМНЕ е на власт, прашуваат од владеачката партија.