СДСМ бара Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) бара да го истражи случајот со Деталниот урбанистички план во општина Аеродром и парцелите во населба Лисиче.
-Имено, според информации кои се јавно објавени од повеќе медиуми, неколку парцели во Лисиче со површина од над 1.000 метри квадратни, биле купени како ниви, пред овој урабистички план да биде во процедура. Дали купувачите знаеле дека токму таму ќе се градат згради и дали однапред знаеле дека маркиците за згради ќе бидат токму на тие парцели?, прашуваат од СДСМ.
Од владеачката партија обвинуваат дека „Тимчо Муцунски и другите градоначалници од ВМРО-ДПМЕ во Скопје не работат ништо, освен што ги партизираат и задолжуваат општините“.
-СДСМ ќе остане со граѓаните, ќе се спротивстави и ќе стори се за штетните решенија да не се реализираат. На граѓаните им требаат нови паркови и зеленило а не сомнителна бетонизација, порачаа од СДСМ.
Општина Аеродром тврди дека се лажни обвинувањата за бетонизација на Лисиче. Посочуваат дека ДУП-от сѐ уште е во фаза на анкета и финалната верзија ќе биде изработена по завршувањето на консултациите со јавноста.
Во демантот од општината предводена од градоначалникот Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ, се наведува дека за урбанистичкиот план за Лисиче во неколку наврати потенцирале дека станува збор за процес кој е почнат во 2019-та година, а кој решава сериозни урбанистички проблеми за граѓаните во овој дел од општината.