Гледаме дека се големи внатрепартиските проблеми во ДПМНЕ и анти ЕУ кампусот, вели Мелиса Ценовска Серафимовска, членка на ЦО на СДСМ, на прес-конференција во седиштето на партијата.
Како што истакнува Ценовска-Серафимовска, ДПМНЕ се распаѓа.
-Обидите за создавање конфузија во јавноста и очајната потреба да ја вмеша и СДСМ во внатрешните поделби и кавги во ДПМНЕ нема да му помогнат на Мицкоски.
Во дворските игри и пресметки Мицкоски да не ја меша СДСМ и сам да си ги решава кавгите.
Мицкоски е бледа копија на Груевски. Политиката на блокада на Мицковски е исто така само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ кои не се задоволни од него, посочи членката на ЦО на СДСМ.
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера одржа состанок, на кој, како што информираа од најголемата опозициска партија, е осуетен планот на власта, „на оската ДУИ – СДС и поранешни функционери на опозицијата кои одлучиле да се стават на нивно располагање преку валкани дилови за причини само ним познати, а кои директно ќе одат на штета на македонскиот народ“.
Ваквите реакции започна пред неколку дена откако лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски во интервју за германски „ФАЦ“ го обвини својот претходник Никола Груевски дека е во тајна комуникација со Владата, со цел да се подели ВМРО-ДПМНЕ за да се протуркаат уставните измени.
Според него, Владата планира да му вети кривична неказнивост на поранешниот прмиер Никола Груевски кој побегна во Унгарија за да избегне затворска казна. Како што додава Мицкоски, Груевски треба да се врати и да помогне, со помош на неговите поддржувачи, уставните измени да поминат во Парламентот.